Аргентинскиот тренер Ектор Купер е именуван за селектор на фудбалската репрезентација на ДР Конго, соопштија од Фудбалскиот сојуза на оваа африканска земја.
За 65-годишниот стручњак ова ќе е втор ангажман за една африканска репрезентација откако го предводеше Египет на СП во Русија во 2018 година.
Купер во богатата тренерска кариера бил селектор и на Узбекистан, односно Грузија.
Најголем успех имаше со шпанска Валенсија со која во два наврати играше финале во ЛШ (во 2000 и 2001 година), а седеше и на клупата на Интер и на Парма.
Купер на селекторската позиција во ДР Конго е доведен со цел да избори пласман на наредното СП во Катар.
Квалификациите започнуваат во септември.