Top Sport

Кавани е категорично против идејата за Суперлига

Единсон Кавани неодамна го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед на уште една година. Уругваецот на кој му следува зголемување на сегашната плата од 230.000 евра неделно по мечот со Ливерпул зборуваше за обидот да се формира Суперлигата.

Проектот во кој беше вклучен и Манчестер Јунајтед пропадна, а само три клуба (Реал, Барса и Јуве) останаа во него.
Изјавата што ја даде Кавани претставува удар за семејството Глејзер – сопствениците на манчестер Јунајтед.

„Кога тргна таа приказна со Суперлигата си реков `тоа не е можно, ако тоа се случи, што следно да очекуваме?`“ – изјави Кавани за весникот „Dos De Punta”.

Тој воопшто не крие дека е против ова натпреварување.

„Воопшто не ја поддржувам таа идеја, се се согласувам со тоа. Не можете да им ја намалите шансата на финансиски скромните клубови да играат во ЛШ, или да стопирате просечни клубови да сонуваат натпреварување со големите клубови“ вели Уругваецот.

Scroll to Top