Тимот на Борусија Дортмунд на коло пред крајот на сезоната во Бундеслигата го осигура пласманот во Лигата на шампионите за идната сезона.
„Милионерите“ со 3-1 славеа на гостувањето кај Мајнц и на се одлепија на +4 од петтопласираниот Ајнтрахт Франкфурт, тимот кој ова коло непријатно беше изненаден од „фенерџијата“ Шалке 04.
Победата на Борусија на „Опер арена“ ја наговести Гереро во 23 минута, водство од 0-1.
По втората асистенција на Санчо, во 42 минута на 0-2 за гостите зголеми Марко Ројс.
Во второто полувреме Брант во 80 минута погоди за 0-3, а почесниот погодок за домашните го постигна Куасон во 91 минута.