Македонската кошарка остана без уште една легенда. Синоќа, ненајдено на 60-годишна возраст почина Војислав Зивчевиќ.
Кариерата, Зивчевиќ, ја градеше во МЗТ. Со „металците“, во сезоната 1986/97, избори пласман во Првата лига на СФРЈ. Зивчевиќ, со квалитетот, борбеноста и упорноста тогаш се избори за место во Б-тимот на Југославија.
Во кариерата играл и за Работнички, Вардар, Деликатес од Кочани и Никол Ферт. Во Никол Ферт и ја заврши својата богата кариера.