Ливерпул и Реал Мадрид се блиску до договор околу трансферот на Дани Себаљос. Младиот фудбалер, незадоволен од шансата што ја (не)добива од тренерот Зинедин Зидан, по само една сезона ќе го напушти „Сантијаго бернабеу“.
Себаљос (21), минатата сезона имаше одлична сезона во Бетис, а потоа блесна и на Европското првенство за фудбалери до 21 година, што беше препорака за трансфер во Реал.
Сезонава тој само два пати се најде во стартниот состав на реал, а вкупно настапил на 20 натпревари.
Бетис од трансферот доби 17 милиони евра, а сега како што пренесе „Мирор“, Реал ќе му го продаде на Ливерпул за 40 милиони евра.
Интерес за Себаљос покажува и Јувентус, меѓутоа италијанскиот тим не е подогтвен да ја плати сумата што ја бара Реал.