Top Sport

Зарем е можно? Балардини пак ја спаси Џенова, но може да добие и четврт отказ!

Давиде Балардини повторно се покажа како „спасител“ на Џенова, откако успеа да го заддржи најстариот италијански клуб во Серија А барем уште една сезона, но ниту тоа може да не биде доволно да го задоволи газдата Енрико Прециози, откако италијанските медиуми тврдат дека тој по четврти пат ќе добие отказ од Грифоне.

„Рособлу“ беа 19. во Серија А во декември кога Прециози по четврти пат се врати во клубот (по 2010/11, 2012/13, 2017/19) како замена за Роландо Маран и миленикот на навивачите успеа да ги искачи на 14. место (а може и погоре со победа над Каљари), по што доби автоматско продолжување на договорот.

Според „Тутомеркато“, ова не го задоволило претседателот Прециози, кој му закажал состанок на Балардини следната недела по шпекулациите дека сакаат да го донесат Иван Јуриќ од Верона.

Пак „ужасниот тренер“ Балардини на клупата на Џенова

Scroll to Top