Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп (50), рекол дека ќе земе одмор од фудбалот во моментот кога ќе му заврши договорот со Ливерпул. Германецот е врзан за „црвените“ до јуни 2022 година.
„Не сакам да бидам како Јуп Хајнкес (72) и да „умрам на тренерската клупа“. Му се восхитува на се што успеал да постигне во кариерата, но јас не мислам да живеам со таков интензитет“, рекол Клоп најавувајќи го привременото пензионирање.
Клоп во Ливерпул пристигна во 2015 година, откако претходно седум години со многу успех го предводеше тимот на Борусија од Дортмунд.
„Откако ќе ми заврши договорот со Ливерпул планирам да земам одмор, барем една година. Ова го имам договорено со семејството, а мојата кариера сигурно нема да трае долго“, дополнил Клоп.