Болоња ќе го пречека Јувентус во последното коло, во Серија А. По тој повод прес конференција одржа стратегот на Болоња, Синиша Михајловиќ.
Болоња, со позитивен резултат, може да стигне до десеттата позиција и дополнителни 6,3 милиони евра од телевизиските права. За Јуве дуелот е од исклучителна важност, мора да победи и да чека кикс на Милан или Наполи за да се пласира во Лигата на шампионите.
Михајловиќ е убеден дека неговиот тим ќе избори позитивен резултат, најавувајќи дека ќе влезат мотивирани во натпреварот. Српскиот тренер открил дека го сонувал натпреварот.
„Вчера бев на преглед. Кога се вратив дома легнав да одморам. Се разбудив кога Дибала требаше да шутира пенал при резултат 0:0. Не знам како заврши…“.