Шарл Леклер вчера направи сензација со обезбедувањето на пол-позицијата на Монако ГП трката, но возачот на Ферари по овој успех се судри, и од Мерцедес сметаат дека во иднина ваква случка мора да биде санкционирана.
Шефот на Мерцедес, Тото Волф сака во иднина да нема двоумења дали судирот бил намерен, откако Макс Ферстапен, кој заврши за 0.230 секунди зад Леклер во својот Ред бул, не успеа да го комплетира својот последен круг, заедно со остатокот од топ 10 возачите.
Леклер може да го загуби првото место доколку Ферари мораат да го сменат неговиот менувач, но Волф вели дека мора да се реагира во вакви ситуации слично како во американската Индикар, каде што возачот го губи својот најбрз круг ако се судри на квалификациите.
„Не знам колку е точно тоа што го знам од САД, но тоа е интелигентно правило кое треба да се воведе во Ф1 за да нема забуни. Не мислам дека Шарл се судри намерно, бидејќи знам колку беше значајно за него, но ако има такво правило не треба да има вакви дискусии“, вели Волф.