Напаѓачот на Интер, Ромалу Лукаку вели дека гледа дури шест фудбалски натпревари секоја недела, но дека уште не се откажал и од својата прва љубов, кошарката.
„Секогаш сум навивал за Лос Анџелес лејкерс, бидејќи Коби Брајант ми значеше многу во мојот живот. Се обидувам да го копирам неговиот менталитет и љубовта кон спортот. По крајот на кариерата сакам да станам тренер, бидејќи сакам да работам со млади луѓе“, вели 27-годишниот Белгиец.
Тој беше клучен човек во Интер при освојувањето на првото скудето по една деценија, откако во 2019 година пристигна од Манчестер јунајтед за 74 милиони евра.
„Работите не функционираа во Манчестер јунајтед. Кога ќе добиете подобра понуда од друго место, зошто да не се обидете? Имав шанса да направам нешто значајно и тоа функционираше за мене“, вели Лукаку.