Top Sport

Новиот турски прволигаш Адана во преговори со Балотели

Турската Суперлига може да биде нова дестинација за Марио Балотели, откако новиот прволигаш Адана Демирспор потврди дека преговара со италијанскиот напаѓач, кој е слободен играч откако не успеа да ја внесе Монца во Серија А.

Напаѓачот е отворен за понуди по кратката авантура со Монца, тимот на Силвио Берлускони, со кој играа во плејофот за влез во Серија А, но загубија во полуфиналето од Читадела. Претседателот на Адана, Мурат Санџак потврди дека веќе има контакти.

„Преговараме со Балотели. Му дадовме формална понуда и сега чекаме одговор од неговите претставници“, изјави Санџак за „А Спорт“.

Супер Марио во август ќе наполни 31 година, а за Монца постигна шест гола во 14 меча.

Scroll to Top