Бохум и Гројтер Фирт се нови членови на германската Бундеслига, откако ги обезбедија првите две места во последното коло на Втората Бундеслига, додека Кил доживеа шокантен пораз во последното коло и ќе мора да чека на бараж со Келн за првпат во историјата да влезе во елитата.
Бохум со 3:1 го совлада тимот на Сандхаузен за прво место на табелата, Гројтер Фирт со 3:2 со Фортуна Диселдорф, но и тоа беше доволно за второ место откако Кил загуби со 2:3 од Дармштат. Бохум имаат 67 поени на првото место, Гројтер Фирт завршуваат како втори со 64, а Кил имаат 62 поени.
Бохум последен пат играше во елитата во сезоната 2009/10, додека Гројтер Фирт последен пат беше бундеслигаш во 2013 година.
Од Бундеслигата веќе испаднаа два славни клуба, Шалке и Вердер, додека втората Бундеслига ја напуштаат Вирцбиргер Кикерс и Брауншвајг, додека Оснабрик ќе игра бараж за опстанок.