Ѕвездата на Олимпик Лион, Набил Фекир, во летниот преоден рок ќе биде еден од фудбалерите за чии потпис ќе се борат најбогатите европски клубови.
Традиционално, кога се работи за играч од Франција, интерес покажува Арсенал, иако Арсен Венгер го напушта клубот, меѓутоа медиумите тврдат дека Фекир од наредната сезона ќе игра во шпанската Ла Лига.
Шпекулациите говорат дека Реал Мадрид веќе ги контактирал преставниците на Лион, меѓутоа негативен одговор добиле од Фекир.
„Диарио гол“, објави дека Фекир го одбил Реал бидејќи чека понуда од Барселона.
Фекир неколку пати истакнал дека најголема желба му е да заигра во Барселона покрај Лионел Меси. Многумина веруваат дека овој 24-годишен фудбалер би бил добра замена за Андрес Иниеста.