Годината 2018 нема да биде запаметена по добро кога се зборува за смртноста на фудбалерите, откако во неколку месеци имаше серија неочекувани заминувања, како на капитенот на Фиорентина, Астори, младиот хрватски фудбалер Бобан, како и двајца француски младински фудбалери.
Сега, од Португалија доаѓа веста дека, 18-годишниот Абел Мвакилама, репрезентативец на Малави У-20 починал од маларија. Неговиот менаџер, Венансио Патрик, вели дека фудбалерот добил маларија кога играл во квалификациите за Африканскиот куп У-20 против Свазиленд пред три недели.
Мвакилама, кој оваа година направи трансфер во португалскиот нисколигаш Есмориз, се пожалил на главоболки, по што бил задржан во болницата во Португалија.