Борбата за пласман во Лигата на шампионите е жива во Бундеслигата. Борусија Дортмунд го „скрши“ отпорот на Баер Леверкузен победувајќи со 4:0 во меч во кој блеснаа младиот Џејдон Санчо и Марко Ројс.
18-годишниот Санчо, кој стана првиот Англичанец кој играл за Дортмунд по трансферот од Манчестер сити, го постигна првиот гол по додавањето на Кристијан Пулишиќ за да стане најмладиот Англичанец кој дал гол во Бундеслигата.
? @Sanchooo10: “Nach der vergebenen Chance habe ich mir gesagt: Ich MUSS hier heute treffen! Bin überglücklich, vor der Gelben Wand getroffen zu haben!” #BVBB04 pic.twitter.com/z3A5ijuQXA
— Borussia Dortmund (@BVB) April 21, 2018
Марко Ројс можеше да ја удвои предноста, но го утна пеналот, за потоа да се „оправда“ со два гола во второто полувреме, со кои Борусија се „одвои“ од Леверкузен на табелата и сега е на само поен зад Шалке на третото место во Бундеслигата.