Дисциплинската комисија на Фудбалската конфедерација на Африка, ги отфрили обвинувањата на ДР Конго дека репрезентативецот на Габон, Гелор Канга, го фалсификувал идентитетот.
ДР Конго, го обвини Канга, дека ги фалсификувал документите кога се преселил во Габон. Конгонаците тврдат дека Канга, инаку играч на Црвена звезд, е роден во 1985, а не во 1990 година и дека неговото име и презиме не е Гелор Канга, туку Кијаку Кијаку Кијанга.
Конгоанците го пријавија Габон, откако во директниот дуел со оваа репрезентација ен успеаја да се пласираат на завршниот турнир на Купот на Африка. ДР Конго се надеваа дека Габон ќе бидат дисквалификувани и дека тие ќе го заземат нивното место.
„По спорведената истрага, Дисциплинската комисија утврди дека обвинувањата од страна на Фудбалскиот сојуз на ДР Конго не се уверливи и доволни. Утврдивме дека фудбалерот не ги фалсификувал документите. Дисциплинската комисија не усепа да најде неправилсности при неговата регистрација во Фудбалската конфедерација на Африка“, стои во соопштението.