Светскиот шампион Марк Маркез ја продолжи фантастичната низа на пол-позиции на „Патеката на Америките“ во Остин, но е под истрага за намерно задржување на ривалот од Јамаха, Маверик Вињалес.
Маркез, кој досега има победено на сите Мото ГП трки во Остин, е на шестата пол-позиција во низа, за да има подобро време пред Вињалес и пред Андреа Јаноне во Сузуки.
The King of COTA strikes again ?@marcmarquez93 was untouchable on the way to his 6th successive #AmericasGP pole pic.twitter.com/kwOalzeP0A
— MotoGP™??? (@MotoGP) April 21, 2018
Шпанецот, кој минатите две недели ги помина во остра дискусија со колегата на Вињалес од Јамаха, Валентино Роси по судирот на Аргентинското ГП, очигледно не може без контроверзи, и останува да се види дали стјуардите ќе го казнат за нарушувањето на ритамот на шпанскиот сонародник.
The incident between Marc Marquez and Maverick Vinales in Q2 at #AmericasGP #MotoGP pic.twitter.com/IueoXbAtgR
— Sophia (@ariliza_greys) April 21, 2018