Фудбалската федерација на Македонија ги претстави трите гарнитуруи на дресови за Европското првенство. Македонија на ЕУРО 2020 ќе игра во Ц-групата со Австрија, Украина и Холандија.
Домашниот дрес е во бордо боја, а не во традиционалната црвена. Токму оваа варијанта предизвика жестоки критики и реакции на социјалните мрежи.
Навивачите на социјалните мрежи покренаа петиција за враќање на старата гарнитура на дресови. Овие дресови беа едни од најубавите во светот.
„Потпишете петиција да се вратат старите дресови под итно! пошто новиве се копи пејст од гугл бар знамето и боите на државата да ви се во прв план.“
„Срамно е со вакви дресови да одиме на европско првенство,веднаш да се сменат и да се врати националниот симбол на дресот да се знае кого ќе претставуваат нашите фудбалери“.
„Овој дрес е најголемата и најсрамната грешка во историјата на македонскиот фудбал и меѓународните натпреварувања на македонската репрезентацијата.“
„Дизајнот и идејата со рисот кој треба појќе да се гледа се супер, ама изборот на палетата на бои тотален промаш, особено црвената. Сменете ги под итно!!!“
„Црвената боја мора да е посветла иста како што е знамето. Оваа црвена може да биде на дресот од Летонија или Турција нивните знамиња се таква црвена нашето знаме е посветло црвено. Имаку дресот со знамето-сонцето со кој настапуваа досега треба и на ЕП.“
„Оставка за оние што го одобрија, Македонскиот дрес мора да е црвено жолто . НАПРЕД МАКЕДОНИЈА.“
„Епски дебакл од избор на бои и дизајн. Ко федерација појма немате што правите.“
Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи, кои јасно го искажуваат незадоволството на навивачите.