Плејмејкерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне вели дека нема „негативни чувства“ кон Челси и покрај тоа што мораше да замине од „Стемфорд бриџ“ бидејќи не доби вистинска шанса и не беше повикан во тимот кој го играше финалето на Лигата на шампиони во 2012 година.
Белгиецот во јануари таа година се договори за трансфер во Челси и беше подготвен да биде дел од тимот кој играше против Баерн Минхен во финалето на ЛШ, но од него беше побарано да не биде дел од тимот. Сега, девет години подоцна со Сити тој ќе се судри во ново финале на Лигата на шампионите. Тој потоа си замина од Челси со само девет настапи, пред да блесне во Бундеслигата во Волфсбург.
„Јас не бев таму кога ја освоија титулата. Не бев поканет, но да бидам искрено не се сеќавам многу на тие моменти. Финалињата на Лигата на шампионите, понекогаш ги гледам, понекогаш не. Не се сеќавам на тоа финале. Немам посебни негативни чувства кон Челси. Тоа беше дел од мојот живот кој се случи, голем чекор напред, но навистина сакав да играм. Мислам дека никој не гледа на моето заминување од таму како на лоша одлука“, вели Де Брујне.