Top Sport

Зидан не планира да паузира, сака веднаш да се врати на работа

Зинедин Зидан не планира да направи пауза откако вторпат си замина од Реал Мадрид и би сакал да се врати на работа како тренер што е можно побргу, тврди францускиот спортски весник „Л’Екип“.

48-годишниот Зидан ја имаше најлошата сезона со кралскиот клуб, завршувајќи без трофеи и со потреба за големи промени во тимот, откако минатото лето Реал не купија ниту еден фудбалер. Според шпанските медиуми Зидан не чувствувал дека ја имал поддршката од претседателот Флорентино Перез.

Неколку врвни клубови се негова можна дестинација. Неговиот стар клуб Јувентус веќе го врати Масимилијано Алегри по отказот за Андреа Пирло, но постои и опција да се врати во родната Франција да го преземе Пари Сен-Жермен, каде што Маурисио Почетино е поврзуван со спектакуларно враќање во Тотенхем или богат трансфер токму во Реал Мадрид.

Scroll to Top