Францускиот вицешампион, ПСЖ е близу во своите редови да го доведе играчот на Интер, Ашраф Хакими, пишува италијанска „Gazzetta dello Sport“.
Клубот од „Паркот на принцовите“ подолг период преговара со „Нероазурите“, а овие дена се очекува расплетот. Хакими во Милано дојде за 45 милиони евра, а сезонава на 37 меча во Серија А има ефект – 7 гола и 10 асистенции.
Италијанскиот првак има финансиски проблеми, па се шпекулира дека ПСЖ ќе издвои 60 милиони евра за Мароканецот.
Би можело ова лето Интер да остане и без Лаутаро Мартинез кој има отштетна клаузула од 111 милиони евра.