Откако не му успеа да извлече 10 милиони евра по сезона во Милан, Џанлуиџи Донарума е подготвен да добие намалена плата од 6 милиони евра годишно за да се приклучи на Јувентус, тврди „Кориере дело спорт“.
Младиот голман е слободен агент откако не успеа да се договори со Милан за продолжување на договорот, иако тие му понудија 8 милиони евра по сезона, по совет на неговиот агент Мино Рајола.
Сега, според весникот, Рајола го нуди Донарума за 6 милиони по евра од сезона, односно истата сума каква што ја заработуваше досега. Враќање во Милан не е опција, бидејќи тие веќе потпишаа договор со Мајк Мањан од Лил.