Top Sport

Филипинецот Донер со фантастичен нокаут стана најстариот шампион на светот

Филипинската боксерска легенда Нонито Донер стана најстариот шампион на светот, откако на 38 години го совлада ВБЦ шампионот во бантам категорија, Нордин Убали со брутален нокаут во четвртата рунда.

Донер, со прекар „Филипинскиот Флеш“, почна фантастично соборувајќи го 34-годишниот Французин двапати во третата рунда, пред во четвртата да ја заврши работата и судијата Џек Рајс да го прекине мечот.

„Не се работи за годините, туку за тоа колку умееш. Ако си силен ментално, тогаш ќе бидеш силен и физички. Подготвен сум за одбрана на појасот“, изјави Донер, кој сега има шампионска титула во четири тежински категории.

Scroll to Top