Top Sport

Само со вакцина или негативен ПЦР тест на трибините во Токио

Само навивачи кои се вакцинирале против коронавирусот или имаат негативен ПЦР тест ќе можат да влезат на борилиштата на Олимписките игри во Токио.

Оваа информација ја пренесоа јапонските медиуми, иако организаторите се уште не решиле дали воопшти ќе дозволи да има публика на натпреварите. Во овој момент сигурно е само дека, поради лошата епидемиолошка ситуација, во Јапонија нема да можат влезат во државата.

На трибините, доколку организаторите дозволат да има навивачи, нема да смее да се навива, сите ќе мора да носат заштитини маски и забрането ќе биде да се внесува храна и пијалоци.

Оние кои ќе ги прекршат овие мерки ќе бидат отстранети од трибините.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23.јули до 8.август.

Scroll to Top