Top Sport

Атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ“ на 3 јуни ќе се одржи низ улиците на Охрид (Видео)

Атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ“ кој на 3 јуни во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ втор пат ќе се одржи низ улиците на Охрид доби официјално промотивно видеo. Во видео материјалот има информации околу трката на 5 и 10 километри и тим билдинг трката, стазата и пријавувањето.

Сите заинтересирани своето учество можат да го пријават на интернет страната Ohridtrcat.mk, а повеќе информации на официјалниот меил контакт [email protected]. Неодамна, организираторот најави дека ќе им излезе во пресрет на сите родители за згрижување на дечињата во текот на трката која ќе се одржи на 3 јуни.

Scroll to Top