Бизарен натпревар одиграа боловиските екипи Вилстерман и Сукре во рамките на елитната Апертура.
Гостите на овој дуел играле со младинскиот тим, бидејќи првиот ттим штрајкува, поради што на полувреме фудбалерите на Вилстерман имале предност 7:0.
Во вториот дел играчите на Сукре започнале мистериозно да се повредуваат и да го напуштаат теренот. Натпреварот е прекинат во 50.минута откако гостите повеќе немале право на замени.
Овој натпревар Вилстерман ќе го добие со службен резултат. Од клубот истакнале дека се разочарани од однесувањето на противниците.