Top Sport

Платил 80.000 евра за да игра против екс клубот и постигна гол во 89.минута (Видео)

Артем Дзјуба е спортска тема на денот во Русија. Играчот на Арсенал Тулу, постигна гол против својот поранешен тим Зенит во 89.минута за 3:3 и практично го исфрли тимот од Санкт Петербург од шампионската трка.

Дзјуба (29) неколку сезони беше стартер во Зенит и прв избор во нападот, но со доаѓањето на Роберто Манчини најпрвин полека ги губеше првотимскиот статус, а во јануари клубот реши да се ослободи од неговите услуги.

Во рамките на 27.коло, Арсенал го пречека Зенит, а Дзјуба платил 80.000 евра за да игра против својот поранешен клуб.

Имено при реализицијата на трансферот, челниците на Зенит инсиситирале во договорот да биде вметната клуаузлата дека Арсенал мора да плати 160.000 евра доколку Дзјуба игра потив нив.

Дзјуба решил да плати половина од оваа сума (80.000 евра), а тоа го наплати во 89.минута кога го постигна голот за 3:3.

Scroll to Top