Top Sport

ЈАКО: Изработивме дрес каков што ни побараа од ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од „ЈАКО“, побарала специфичен дрес со дизајн на Балканскиот рис и во бордо боја, тврдат од германската компанија.

ФФМ во петокот ги претстави дресовите со кои Македонија требаше да настапи на ЕУРО 2020. Под притисок на јавноста, бидејќи домашната“ гарнитура беше во бордо, а не во традиционалната црвена боја, ФФМ ги повлече дресовите и реши да ја извести УЕФА, дека на континенталното првенство ќе настапи во старата гарнитура на дресови.

„Фудбалската федерација на Македонија вчера не информираше дека тие не сакаат нивниот национален тим да игра во новите дресови со дизајнот на рисот на претстојното Евро 2020 на УЕФА. ЈАКО не го очекуваше ова. Според, ФФМ, главна причина за оваа одлука било разочарувањето кај фанови околу бојата на домашниот дрес.

Откако се квалификуваше на Европското првенство, Фудбалската федерација на Македонија побара специфичен дизајн со балканскиот рис и домашен дрес во бордо боја. Ние го изработивме овој дизајн точно како што беше побарано и го презентиравме пред јавноста на 28 мај“, ексклузивно изјавил за ММС, Нико Вагнер, задолжен за односи со јавноста во ЈАКО.

Претходно првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, во своето обраќање преку интернет-страницата на ФФМ ѝ се извини на јавноста и со напомена дека службите во Федерацијата ќе ја преземат одговорноста, но исто така ќе побара одговорност и од техничкиот партнер.

Scroll to Top