Српскиот репрезентативец Немања Матиќ ги изнасмејал новинарите со одговорот на прашањето дали би експериментирал со фризурите како што тоа го прави неговиот соиграч Пол Погба?
„Не, имам деца. Кога би направил такво нешто и мојот син би посакал да го направи тоа“, објаснил Матиќ и дополнил.
„Морам да имам сериозна фризура каква што има Гери Невил. Секогаш правам едноставен избор“, рекол играчот на Манчестер јунајтед.