Џордан Лојд по завршувањето на сезоната од Црвена звезда ќе се пресели во Зенит од Санкт Петербург. Американецот со рускиот клуб го договорил трансферот.
Лојд, со Зенит ќе потпише договор на една сезона и ќе заработи 1,1 милиони евра.
Поранешниот кошаркар на Торонто Репторс, Хапоел Елијат и Валенсија, оваа сезона во Евролигата имаше просек од 17,3 поени, 3,6 скока и 3,2 асистенции, додека во АБА лигата просекот му беше 16 поени, 2,7 скока и 3,2 асистенции по натпревар.
Ова е втор трансфер од Црвена звезда во Зенит во период од една година. Лани, во Русија се пресели сонародникот на Лојд, Били Берон.