Top Sport

Златан за шпекулациите за Жиру: Има многу кралеви, но само еден Бог

Златан Ибрахимовиќ вели дека би му посакал добредојде на Оливие Жиру во Милан по шпекулациите за трансфер од Челси, но Швеѓанецот јасно порача дека на „Сан Сиро“ има само „еден Бог“.

39-годишниот Швеѓанец веќе го продолжи договорот со „росонерите“ на уште една сезона, но пропушти шанса да настапи за Шведска на ЕУРО 2020 поради повреда.

„Колку повеќе врвни фудбалери можеме да донесеме, толку подобро. Жиру има големо искуство и немаме многу фудбалери кои освојувале трофеи. Ако дојде, ќе биде добредојден, бидејќи имаме група фудбалери кои сакаат да учат и да се подобруваат. Дали сум себичен? Мора да бидам, бидејќи има многу кралеви, но само еден Бог и тоа сум јас. Без моите соиграчи нема да сум ништо и го знам тоа“, вели Ибрахимовиќ за „Ла газета дело спорт“.

Тој додава дека е разочаран од одлуката на Џанлуиџи Донарума да замине од клубот по 251 настап за „росонерите“ на само 22 години.

„Дали ми е жал? Многу. Ме прашавте дали фудбалерите заработуваат многу, па јас ќе прашам: Колку вреди Донарума? Тој порасна во Милан, можеше да биде голман на клубот 20 години, да стане господин Милан како Паоло Малдини. Која вредност би ја дале на Малдини? Но, пазарот ја диктира вредноста. Јас му порачувам да остане во Милан до крај“, додава Златан.

Scroll to Top