Манчестер јунајтед потврдија дека осум нивни фудбалери ќе го напуштат „Олд Трафорд“ ова лето, вклучувајќи ги двата голмани, Серхио Ромеро и Жоел Переира.
Покрај двајцата голмани, кои беа дел од првиот тим, ослободени се уште шест фудбалери од младинскиот клуб – голманот Џејкоб Карни, фудбалерите од среден ред Марк Хелм, Алиу Траоре, Арнау Пуигмал и дефанзивците Лестин Хјуз и Макс Тејлор. Оваа вест најверојатно значи дека Хуан Мата нема да си замине од клубот и покрај тоа што договорот му завршува ова лето.
Ромеро не доби шанса по враќањето на Дин Хендерсон минатото лето, и тој неуспешно се обидуваше да примора трансфер од Јунајтед. Тој има 61 настап од 2015 година, но оваа сезона немаше ниту еден настап
Околу можните пристигнувања кај „ѓаволите“ засега нема конкретни информации, иако семејството Глејзер вети дека ќе има поддршка за Оле Гунар Солскјер со буџет од над 100 милиони фунти. Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд останува приоритет, но во игра се и Рафаел Варан од Реал Мадрид, но и многу други имиња.
We would like to wish all the players leaving the club the very best of luck for the future ?#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) June 4, 2021