Фабио Квартараро ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Каталонија. Возачот на Јамаха, ја продлжи неверојатната серија, во Каталонија ја освои петатата последовна пол-позиција, што последен пат се случило пред седум години.
„Ел Диабло“, доминираше во квалификациите, со кругот од 1:38.853 минути ја остави конкуренцијата зад себе. Неговиот тимски колега, Маверик Вињалес, долго време беше втор но на крајот заврши на шесттото место.
Покрај Квартараро од првиот стартен ред трката ќе ја започнат возачите на Дукати, Џек Милер возачот на фабричкиот тим и Жоан Зарко, возачот на Прамак рејсинг.
Пред Вињалес во вториот стартен ред се Мигел Оливеира na KTM и Франко Морбидели на Петронас Јамаха.