Атлетичарката од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс, на националните квалификации за Олимписките игри, го истрча вториот најдобар резултат во историјата, во дисциплината 100 метри.
Двојната олимписка и четрикратната светска шампионка, во Кингстон, потврди дека ќе биде главна фаворитка за освојувањето на златниот медал во Токио.
Делницата од 100 метри, таа ја истрача за 10.63 секунди.
Подобар резултат од денешниот на Фрејзер-Прајс има само покојната Флоренс Грифит-Џојнер, која во 1998 година го постави актуелниот светски рекорд 10.49 секунди.
Досегашниот најдобар резултат во 2021 година го имаше Американката Шакарин Ричардсон, која во март истрча 10.72 секунди.