Top Sport

ПСЖ се подготвени да дадат 10 милиони евра по сезона на Донарума

Пари Сен-Жермен преговараат со голманот Џанлуиџи Донарума и неговиот агент Мино Рајола и се подготвени да ја дадат посакуваната плата од 10 милиони евра по сезона.

Донарума одби да го продолжи договорот со Милан на крајот на сезоната и покрај понудата од 8 милиони евра годишна плата, и се очекуваше да замине во Јувентус, но таму не можеа да најдат опција за Војчех Шчесни и му понудија само 6 милиони евра годишна плата.

Ова е совршена ситуација за Пари Сен-Жермен, кои подолго време го посакуваат Донарума, од времето кога тој ја почнуваше кариерата под сегашниот спортски директор на францускиот клуб, Леонардо. Според „Ла газета дело спорт“, францускиот клуб е единствен кој е подготвен да ги даде потребните финансиски обврски и договорот ќе биде потпишан во следните неколку дена.

Scroll to Top