Top Sport

Челси сериозно тргнува по Халанд, операцијата може да чини 200 милиони евра!

Челси ги започнале преговорите за трансфер на Ерлинг Халанд и покрај тврдењето на Борусија Дортмунд дека норвешката гол-машина не е на продажба, и покрај тоа што операцијата може да ги чини неверојатни 200 милиони евра, тврди „Дејли мејл“.

Халанд би бил подготвен за трансфер во поголем клуб, а Томас Тухел јасно порачал до директорката Марина Грановскаја и до газдата Роман Абрамович дека Норвежанецот е фудбалер со кој ќе се направи скок во перформансите и ќе може да се сопре доминацијата на Манчестер сити во Премиер лигата.

Трансфер на Хери Кејн од лутите ривали Тотенхем се смета дека е неостварлив поради непријателските односи надвата клубови, додека Ромелу Лукаку јасно им порачал дека сака да остане со Интер.

20-годишниот Халанд, кој има постигнато 40 гола, би требало да добие плата од околу 300.000 фунти неделно, додека Челси би го пратиле Теми Абрахам во Бундеслигата.

Scroll to Top