Здравко Мамиќ, поранешен претседател на Динамо Загреб, рекол дека ќе изврши самоубиство во затворот, на ист начин како генералот Слободан Праљак во Хаг, доколку биде осуден. На Мамиќ му се суди дека преку трансферите на фудбалери ја оштетил државата за 16 милиони евра.
„Не сум виновен. Ги измислија овие дела само за да ми судат. Судска борба е единствената опција. Меѓутоа, доколку морам да одам в затвор, ќе го направам она што го направи генералот Праљак во Хаг! Јас сум верник и католик и такво нешто во мојата вера не е дозволено. Но, кога видов што направи тој бев инспириран и без грижа на совест би го направил истото. Никогаш не би одел невин во хрватски затвор“, изјавил за „Глобус“, Здравко Мамиќ.