Top Sport

Ферстапен: Побрз сум од Хамилтон две десетинки во ист болид

Асот на Ред бул, Макс Ферстапен е полн со самодоверба, велејќи дека би го победил седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон доколку двајцата возеле иста машина.

Ферстапен водеше во поголемиот дел од Азербејџанското ГП во неделата, пред драматично да му се дупне гумата на четири круга пред крајот, по што Хамилтон изјави дека Ред бул едноставно имале супериорен болид. Холанѓанецот мораше да одговори.

„Би го кажувал истото да сум на негово место. Но, мислам дека да сме во ист болид, сепак ќе бидам две десетинки побрз од него. Не ми е грижа што мисли тој“, изјавил Ферстапен за холандските медиуми.

Самиот Хамилтон  не успеа да го искористи малерот на Ферстапен во Баку, излетувајќи од патеката на првата кривина.

„Изгледа имаме предност на уличните патеки и затоа тука беа важни победите. Секако, добро за нас е што Хамилтон не освои поени, но повеќе сакав да си заминам со победата. На обичните патеки можеме да очекуваме многу посилен Мерцедес“, вели Ферстапен.

Scroll to Top