Нуно Еспирито Санто нема да биде наследникот на Рој Хоџсон во Кристал Палас. Англиските медиуми објавија дека клубот од Лондон ги прекинал преговорите со португалскиот тренер.
Кристал Палас се повлекле од преговорите откако биле шокирани од платата и условите што ги побарал Португалецот.
„Одлична работа заврши со Вулверхемптон, но ене Пеп Гвардиола за да може да има таки барања“, пишува „Дејли мејл“.
Нуно Еспирито Санто, пред Кристал Палас, се поврзуваше со Евертон, но и таму му пропаднаа преговорите.
Откако им пропаднаа плановите со Еспирито Санто, медиумите сега со кристал Палас ги поврзуваат Стив Купер од Свонси и Шон Дајч од Барнли.