Легендата на Вардар, Васил Рингов, емотивно говори за тешката ситуација во која се наоѓа неговиот поранешен клуб. Во интервју за „Студио 10“ на ТВ24, Рингов се расплака пред камерите.
Вардар, минатата сезона испадна во Втората македонска лига. На кризата не и се гледа крајот, а Рингов ја повикува државата да реагира и да го спаси клубот, во спротивно вардаровата легенда стравува дека најтрофејниот македонски клуб може да згасне.
„Државата треба да ја реши ситуацијата со Вардар. Не е проблем тоа што ќе игра во Втора или Трета лига, туку се плашам дека овој клуб ќе исчезне“, кажа Рингов.