Грчката тенисерка Марија Сакари се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако денеска со 6-4 и 6-4 славеше против минатогодишната шампионка од Париз, Ига Свјонтек од Полска.
Сакари која е 18-та на ВТА листата до своето прво грен слем полуфинале дојде за 91 минута игра.
На почетокот на мечот Свјонтек поведе со 2-0, но Гркинката веднаш го возврати брејкот. Клучниот пресврт Сакари го направи во деветтиот гем, по што ја искористи втората сет топка за водство од 1-0.
Во вториот сет Свјонтек која е 9-та светска тенисерка во моментов при негатива од 2-0 побара медицински тајм-аут поради повреда на десниот бутен мускул. До крајот на сетот двете тенисерки беа успешни на свој сервис, па Сакари се радуваше на пласман во Топ 4.
Противничка во борбата за големото финале ќе и е Барбора Крејчикова од Чешка која со 7-6 и 6-3 беше подобра од Амриканката Коко Гоф.
Sakk ATTACK ?
No.17 seed Maria Sakkari breaks Iga Swiatek’s consecutive sets won streak at ⓶⓶, taking the first 6-4. #RolandGarros pic.twitter.com/Kvzbi7qXxw
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 9, 2021
Jeu Swiatek
That's one way to secure the hold. #RolandGarros pic.twitter.com/Hzs27RAORJ
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 9, 2021