Арсен Венгер открива дека неговата шокантна објава дека си заминува од Арсенал на крајот на сезоната во основа не била негова одлука, зголемувајќи ги шпекулациите дека наместо да биде отпуштен решил да си замине со една година на договорот.
Французинот минатата недела објави дека си заминува по 22 години како менаџер на клубот, и сега пред првиот меч од полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетико мадрид, Венгер признава дека вестите биле „приморани“.
„Тајмингот навистина не беше моја одлука. За другото, зборував и претходно“, признава Венгер.
Тој вели дека сега фокусот е да се победи во преостанатите мечеви од сезоната на Арсенал, почнувајќи со Атлетико, наместо да се мисли што доаѓа во иднината.
„Во моментов сè е исто, ја задржувам мојата рутина, се фокусирам на тоа што мора да го направам секој ден и се подготвувам за мечот. Ќе биде нереално кога ќе престанам да работам. Сега работам како и секој ден. Никогаш не си сигурен дали си ја направил вистинската одлука во животот, но секогаш мораш да се справиш со различни ситуации. Досега имав живот полн со различни искуства, од кои некои беа тешки“, објаснува Французинот.
Фото: ЕПА