Top Sport

Во тенисот има „цунами од корупција“!

Тенисот е „нападнат“ од „цунами од корупција“ се вели во извештајот на Независниот панел за истрага на корупцијата во тенисот (ИРП).

Според извештајот „ниските и средните“ нивоа на професионалниот тенис посебно се мачат со проблемите, најмногу поради онлајн обложувањето, но сепак, нема докази дека Одделот за интегритет на тенисот (ТИУ) е вклучен во корупцијата.

По разговори со над 100 тенисери и анализа на обложувњата, за што беа потрошени околу 20 милиони евра, не се најдени докази дека врвните тенисери се вклучени во корупцијата иако има „одредени проблеми“ на највисоко ниво.

ИРП исто така дава неколку предлози за подобрување на ситуацијата – елиминирање на спонзорствата од компаниите за обложување, намалување на парите кои се даваат за настапи, прекин на продажба на резултатите во живо од страна на ИТФ, и одредени мерки за заштита на тенисерите на Интернет.

Истрагата започна откако во 2016 година „Би-би-си“ објави текст во кој тврдеше дека 16 тенисери од топ 50 се „обележани“ поради сомнежи за местење на мечеви. По ова, АТП, ВТА, ИТФ и бордот на гренд слем турнирите побараа детална истрага.

Scroll to Top