23-годишниот Џошуа Кимих донесе 1:0 водство на Баерн Минхен над Реал Мадрид во првото полувреме од првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, меѓутоа Марсело со одличен удар во финишот на полувремето ја поништи предноста на германскиот шампион.
Мечот не почна добро за Баварците, откако негови двајца клучни фудбалери се повредија во првото полувреме – Арјен Робен уште во петтата минута и беше заменет со Тијаго Алкантара, а Џером Боатенг во 31. минута од мечот.
Баерн имаше повеќе од играта, што се реализираше во 28. минута, откако Кимих истрча одлично и успеа да го совлада Кејлор Навас. Сепак, Марсело во 44. минута со супер удар од работ на шестнаесетникот израмни на 1:1. Во финишот на полувремето Роберт Левандовски имаше уште една одлична шанса.
Уште 45 минути за Баерн да направи предност со која ќе патува на реваншот во Мадрид.