Top Sport

Коман сака да го напушти Баерн

Кинглси Коман сака да го напушти Баерн во летниот преоден рок. Стрелецот на голот за победа против ПСЖ, во финалето во Лигата на шампиони минатата година, бил разочаран од одлуката на клупските челници, да отворат преговори околу новиот договор.

Коман има договор со Баерн до јуни 2023 година. Тој преку менаџерот побарал продолжување на договорот и годишна плата од 17 милиони евра. Челниците на Баерн експресно одбиле да разговараат на таа тема.

Исто така, Коман бил разочаран, што не му дозволиле да ја носи „десетката“ по заминувањето на Аријан Робен. Култниот број најпрвин го носеше Филипе Кутињо, а од оваа сезона го носи Лирој Сане.

Scroll to Top