Кајли Мекион, постави нов светски рекорд на 100 грбно. Најдбриот резултат во историјата на оваа дисциплина, Мекион, го исплива во Аделаида, на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.
Мекион, делницата ја исплива со време 57.45 секунди, што е за 12 стотинки побрзо од резултатот на Американката Реган Смит, поставен во 2019 година на Светското првенство во Гванжу.
Покрај Мекион, одличен резултат забележа и Аријана Титмус на 400 метри слободно. Времето 3:56.90 минути е за само четири десетинки послабо од светскиот рекорд на Кејти Ледецки од Рио Де Женеиро во 2016 година.