Шелби Холихан, поради позитивен допинг тест, доби четири годишна суспензија. Американската рекордерка, требаше да биде една од главните фаворитки за висок пласман на ОИ во Токио, на 1.500 и 5.000 метри.
Холихан, била позитивна на нандролон. Американката има интересно објаснување, како оваа забранета супстанца се нашла во нејзиниот организам.
„Никогаш во животот не сум користела допинг. Единствено објаснување за нандролонот во мојата крв е буритото кое го јадев во еден мексикански ресторан. Во свинското месо е присутна голема количина на овој стероид. Тоа не го знаев, за жал сега знам“, рекла Холихан.
Американката поднесе жалба до Судот за спортска арбитража. Меѓутоа, иако во месото биле пронајдени траги на овој стероид, жалбата на Холихан била одбиена.