Вториот светски рекет, Данил Медведев, во првото коло го заврши својот настап на турнирот во Хале.
Медведев, кој во Хале е поставен за прв носител, во првата рунда загуби од Германецот, Јан-Ленард Штруф.
Мечот кој траеше 94 минути, Германецот го доби до 7/6, 6/3.
Медведев, не успеа да го добие првиот сет, иако при резултат 5:2 сервираше за водство од 1:0. Потоа на 6:5, кога сервираше Штруф, не успеа да реализира сет топка. Во тај-брејкот Штруф одигра подобро и поведе со 1:0.
Во вториот сет Германецот, инаку 45. на АТП листата, направи два брејка, имаше сервис за победа при резултат 5:1, но Медведев успеа да врати еден брејк, потоа го освои својот сервис, но повеќе од тоа не можеше.
Штруф во второто коло ќе игра против Американецот, Маркос Гирон, кој во два тај-брејка го победи Канаѓанецот, Васек Поспишил.
?? What a win for the German ??@Struffitennis defeats top seed Medvedev 7-6, 6-3 at @ATPHalle ? #NOVENTIOPEN pic.twitter.com/O5ANnvgfP7
— ATP Tour (@atptour) June 15, 2021