Швајцарски нутриционист тврди дека начинот на исхраната е главниот проблем со кој се соочува српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Тој вели дека Ѓоковиќ е болен и дека под итно мора да го смени начинот на исхрана.
Новак Ѓоковиќ, некогаш доминантна фигура во светскиот тенис, ја игра најлошата сезона во 15-годишната кариера.
Долго време тој имаше проблеми со повредата на лактот, потоа замина на операција, меѓутоа никако не успева да се врати во препознатливата форма.
Швајцарскиот стручњак, Јерг Хосл, сопственик на Институт за нутриционистички дијагнози, тврди дека болеста е причината за лошите изданија на Србинот, кој доколку не го смени начинот на исхрана би можел да има сериозни проблеми.
„Се сеќавам колку бев воодушевен кога го гледав на теренот. А потоа слушнав за неговиот план во целост да ја смени исхраната и се запрашав колку време тоа ќе издржи. Еве сега се гледаат последиците. Тој боледува од орторексија, која е предизвикана од навидум здравата исхрана. Поради тоа Новак не е свесе за последиците што долгорочно му ги предизвикала оваа диета“, рекол Хосл.
Потоа Швајцареот детално ја објаснил дијагнозата.
„Ѓоковиќ е на диета која подразбира исфрлање на шеќерите. Колку тоа и да делува добро, долгорочно му штети на организмот. како времето одминува спортистот чувствува поголем замор, му се развиваат воспаленија и му паѓа имунитетот… Не знамкакви се неговите нуспојави, меѓутоа лицата што боледуваат од онорексија подлежат на стрес, помалку спијат, а подоцна можта да заспијат само со помош на лекарства. Такви лица ја губат поврзаноста со пријателите, паѓаат во депресија, дури имаат и суицидни мисли“, завршил швајцарскиот нутриционист.
фото: EPA