Пред мечот на Реал Мадрид против Леганес, тренерот на „Лос бланкос“, Зинедин Зидан инсистира дека луѓето уште не можат да го нарекуваат неговиот тим „негов“ бидејќи не е доволно на „жешкото столче“.
„Тука сум само две години. Сите тренери останаа подолго и направија големи работи. Се чувствувам удобно, го сакам тоа што го работам, но да кажеме дека ова е Мадрид на Зидан… За тоа ќе почекаме. Потребно ми е подолго време да се докажам“, вели Зидан.
Тој прес-конференцијата ја искористи да го поздрви и Андрес Иниеста, кој во петокот потврди дека заминува од Барселона.
„Тешко е кога го сакаш фудбалот да гледаш како заминува таков фудбалер. За мене тој не е фудбалер на Барселона, тој е голем фудбалер. Играв два-три пати против него. Секогаш бил прекрасен, многу резервиран и секогаш сум ги сакал луѓето кои го даваат својот максимум на теренот, но надвор од него се смирени. Имам само добри зборови за него, ценење за тоа што го направи и му посакувам сѐ најдобро во животот“, додаде Зидан.
Фото: ЕПА